Достапни линкови

Демократите и официјално без супер-мнозинство во Сенатот на САД


Членот на Републиканската партија Скот Браун положи свечена заклетва како американски сенатор со што републиканците добија 41 глас во Сенатот. Тие сега можат да ги блокираат законите предложени од Претседателот Барак Обама и неговата Демократска партија. Скот Браун победи минатиот месец на изборите во Масачусетс. Со 41 глас во 100-член на Сенатот, републиканците му ставија крај на супер-мнозинството на владеачките демократи.
XS
SM
MD
LG