Достапни линкови

Одложен стартот на кампањата за парламентарните избори во Ирак


Почетокот на кампањата за парламентарните избори во Ирак закажани за 7 Март ќе биде одложен. Овој потег на Изборната комисија следи по судската жалба за поништување на забраната за учество на изборите за околу 500 кандидати, осомничени за врски со партијата Баат на поранешниот диктатор Саддам Хусеин. Сунитските политичари се жалеа дека владата предводена од шиитите сака да ги маргинализира. За владата одлуката да се поништи забраната е илегална и повика во недела Парламентот да одржи вонредна седница. Кампањата за парламентарните избори требаше да почне во недела но е одложена до петок идната недела.
XS
SM
MD
LG