Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - Власта си игра со меѓуетничка пиротехника


Македонски весници

Македонски весници

Македонските медиуми изминативе денови главно пишуваат за меѓуетничките тензии, што судејќи според некои електронски и пишани медиуми ја вознемирија домашната јавност. Дневник,, ги пренесува мислењата на експертите дека конфликтите меѓу учениците се одраз на чувствителноста на меѓуетничките односи и резултат на лошото менаџирање на политичарите.

,,Власта си игра со меѓуетничка пиротехника,, е еден од насловите во ,,Дневник,, за информациите за меѓуетничките тензии кај средношколците во Скопје и во Тетово што во изминативе денови, судејќи според некои електронски и пишани медиуми, ја вознемирија домашната јавност. ,,Дневник,, ги пренесува мислењата на експертите дека конфликтите меѓу учениците се одраз на чувствителноста на меѓуетничките односи и резултат на лошото менаџирање на политичарите со проектите во сферата на образованието, како и на длабоката политизација и поделеност на македонското општество. ,,Соживотот повторно на црвена линија,, тврди во насловот ,,Утрински,, при што како своевиден доказ за ова го наведува најновото истражување на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци според кое дури 78% од анкетираните граѓани оцениле дека меѓуетничките односи се многу лоши, а 71% не се задоволни од соработката меѓу етничките групи. Освен овие два весника, од пишаните медиуми уште само ,,Време,, секојдневно, дури, ја третира оваа загрижувачка појава во Македонија. ,,Дневник,, обелоденува дека Електрани на Македонија, потрошиле 600 илјади евра за рекламна кампања за да им објаснеле на граѓаните која е ЕЛЕМ и што работи. Весникот наведува дека кампањата ја работи истата маркетинг агенција ,,Република,, која за други 600 илјади евра ја изработи и неодамнешната владина кампања за борба против дрогата. ,,Утрински,, објави дека ЛДП му даде рок од една недела на министерот за финансии Зоран Ставревски да си поднесе оставка или, во спротивно, ќе му поднесе интерпелација во Собранието бидејќи, според лидерот Манасиевски, Ставревски лани, со буџетските промашувања го оштетил македонското стопанство за 450 милиони евра. Уставниот суд повторно се најде на тапет кај владејачката партија и кај дел од јавноста поради забраната за примена на некои одредби од Законот за лутрација, до донесувањето конечна одлука: на ударно место ,,Вечер,, објавува дека премиерот Груевски смета дека тоа било удар врз демократијата и повторно ги обвини судиите дека го штитат Црвенковски затоа што повеќемината биле назначени во негово време. Медиумите информираат и за протестите на група граѓани пред Уставен кои, според нив, биле оштетени од одлуката на Судот да не се лустрираат тн. кодоши од 1991-та до денес. Во врска со ова, ,,Време,, пишува дека лустрацијата се брани со, во наводници, ,,спонтани протести,,. ,,Еден фронт, повеќе солисти,, и ,,Со многу ентузијазам, а малку муниција, 12 опозициски партии на чело со СДСМ формираа фронт против ВМРО-ДПМНЕ, како носечка партија во власта,, пишува за овој настан ,,Утрински,,. Во друг текст, истиов весник реагира против искористувањето на чинот на потпишувањето на заедничката декларација од страна на Титовите леви сили во своја корист, појавувајќи се со својата позната иконографија и несмасната изјава на претседателот на таа партија со која потсети на старите времиња од кои многумина во земјава немаат убави спомени. ,,Вечер,, го проследи настанот со наслов,, Бранко се здружи со старите кадри, опозицијата во просек има 6о години,, и информира дека Груевски не се плаши од ова, пренесувајќи ги изјавите на претставниците на опозицискиот фронт еден против друг, од времињата кога беа противници.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG