Достапни линкови

logo-print

Политиката ,,крои" граници за болните


Здравствени работници

Здравствени работници

Политичките односи меѓу државите го ограничуваат користењето на здравствените установи во регионот, посочуваат здравствените работници. Несоработката, некоординираноста и непотпишаните договори се главна пречка за немањето регионална здравствена заштита.

Политичките односи меѓу државите го ограничуваат користењето на здравствените установи во регионот, посочуваат здравствени работници. Меѓу Македонија и Грција засега не е постигнат договор дел од трошоците да ги покрива државата доколку нејзин државјанин се лекува кај јужниот односно северниот сосед. Мал е бројот на грчки пацинети што се лекуваат во битолската болница, иако на жителите од северна Грција таа им е поблиску отколку некои клинички центри во нивната држава. Поголем е бројот на
Во овој момент препреките кои постојат и несоработката, некоордираноста на регионот оневозможуваат врвна здравствена заштита и многу животи на пацинетите се губат
македонски пацинети кои лекарска помош бараат на солунската клиника, позната како врвен центар, но трошоците за пат и лекување си ги плаќаат сами.

,,Во овој момент препреките кои постојат и несоработката, некоордираноста на регионот оневозможуваат врвна здравствена заштита и многу животи на пацинетите се губат, да не зборуваме за огромните материјални средства што се губат во овој момент. Во 21 век не е примерно да се губат животи на деца, на возрасни заради некакви граници или административни забрани."

вели Димче Кузмановски, директор на битолската болница. Почнувајќи од триаголникот Скопје, Тирана, Солун нема поголема болница од битолската на оддалеченост од 150 до 200 километри. Овој регион зафаќа над 1,5 милион жители кои доколку не постојат границите ќе може непречено да добијат поинтегриран систем на здравствена заштита. Засега соработката со грчките здравствени установи се изведува на едукативен план и преку донации. Соработката со западниот сосед, Албанија, е во зачеток.

,,Македонија и Албанија имаат потпишано договор на ниво на министерства за одреден број на пациенти од Албанија со размена да може да се лечат во Македонија. Таа бројка е симболична, околу 500 пациенти."

додава Кузмановски. Доколку трите држави успеат да го договорот тој економски дел, ќе се инкорпорира здравствениот систем како во Европската Унија каде во повеќето земји ваквите финансиските пречки се надминати. Таму лекувањето на пациентите е регулирано со договори меѓу здравствените системи на државите и кај повеќето, пацинетите не плаќаат дополнително.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG