Достапни линкови

Европскиот Парламент во февруари ќе расправа за Македонија


Европските Парламентарци во среда на 10 Февруари ќе разговараат за европските аспирации на Хрватска, Македонија и Турција, е објавено на сајтот на Европскиот Парламент. Комитетот за Надворешни Работи претходно се произнесе дека преговори со Македонија може да почнат во блиска иднина и оти земјата треба да се фокусира врз реформи на јавната администрација и судство, како и врз борбата против корупцијата и подобрување на правата на жените и меѓуетничките односи. Според Комитетот, треба и да се удвојат напорите да се најде заедничко решение за спорот со името со Грција. Пратеникот од Словенија, кој е и специјален пратеник за Македонија, Зоран Талер тогаш изјави дека најголема пречка на патот на македонското приближување кон ЕУ е недостигот на регионална одговорност и разбирањето на важноста на добро соседските односи.
XS
SM
MD
LG