Достапни линкови

Народна Банка со внимателна монетарна политика


Ризици за македонската монетарната политика се уште постојат. Овој заклучок е донесен на последната седница на Советот на Народната Банка. Оценките за девизните резерви се подобри во однос на лани , па затоа се отвара можноста за дополнително намалување на основната каматна стапка на НБРМ. Проектираниот дефицит на тековната сметка се уште е висок со што неговото финансирање претставува главен ризичен фактор. Доколку капиталните приливи не се реализираат според планираното , товарот за финансирање на тековната сметка ќе падне токму врз девизните резерви. Народна Банка соопштува дека поради овие ризици ќе води внимателна монетарна политика.
XS
SM
MD
LG