Достапни линкови

Патриоти и предавници


Хјуман Рајтс Воч испрати писмо адресирано до премиерот и до уште неколку институции во државава во коешто реагира на законот за антидискриминација и недостигот од како што се вели ефективна заштита базирана на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Експертите со различна дијагноза, популизамот од една страна и периодот на безидејност би можеле да бидат причините за реакциите на власта.

Откако законот за недискриминација го потпали црно-белиот диксурс на владата насочен кон новинарите, меѓународната организација „Хјуман Рајтс Воч“ испрати писмо адресирано до премиерот и до уште неколку институции во државава во кое што реагира на законот за
Па мислам дека ова веќе не се само појавни облици на диктатура. Очигледно, посебно помладите членови на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат веројатно инспирирани од некои фашистички методи на делување, да ја уништат демократијата и пред се слободата на говорот
антидискриминација и недостигот од, како што се вели, ефективна заштита базирана на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Во Владата денеска рекоа дека писмото сеуште не го добиле па според тоа не можат ниту да го коментираат, но затоа коментарот на текстот „Македонскиот недостиг од толеранција“ веќе ги смести новинарите во категоријата непријатели.

Владата го осуди говорот на омраза во т.н. приватно писмо на портпаролот на СЕП Јанковски, но назначи дека премиерот до сега многу пати бил мета на напади и етикетирања. Експертите со различна дијагноза, популизамот од една страна и периодот на безидејност би можеле да бидат причините за ваквите реакции. Опозицијата, уште подалеку:

„Па мислам дека ова веќе не се само појавни облици на диктатура. Очигледно, посебно помладите членови на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат веројатно инспирирани од некои фашистички методи на делување, да ја уништат демократијата и пред се слободата на говорот,“

Изјави Владо Бучковски од СДСМ.

Властите врзани за рејтингот немаат механизам за процесуирање на правична критика, коментира аналитичарот Петар Арсовски:

„Мислат дека се што прават работат најдобро. И имаат еден таков комплекс, една предиспозиција во која суштински не се во состојба да сфатат дека може некој да им се спротистави.“
Мислат дека се што прават работат најдобро. И имаат еден таков комплекс, една предиспозиција во која суштински не се во состојба да сфатат дека може некој да им се спротистави


Црно белиот јазик им помага на политичките партии да направат поделба на предавници и патриоти и со тоа ги прави полесно достапни тие ставови за гласачите. Се што е надвор од двете, инаку референтни бои ја става јавноста во тешка дилема на одулика, вели аналитичарот Ризван Сулејмани. Во крајна линија, според него, се е резултат на еден период на безидејност, којшто се претвора во гола битка за власт.

„Нема друга идеја како понатаму соочени со проблемот на името, со економската ситуација. Освен доаѓање до власт, нема друга цел и идеја.“

Она што недостасува, според Сулејмани се и други актери во театарот и пополнување на нијансите меѓу двете крајности, тоа е задача на невладиниот сектор и интелектуалците, заклучува Сулејмани. Додека тие не соберат сили да им ги разсјаснат состојбите на граѓаните сликата ќе остане двобојна.
Фуере за Законот против дискриминација
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00
XS
SM
MD
LG