Достапни линкови

Светски ден за борба против ракот


Денеска е светски ден за борба против ракот кој Светската здравствена организација (СЗО) ќе го одбележи под мотото „И ракот може да се спречи“. Организацијата, која е дел од Обединетите Нации, ја има фокусирано кампањата врз здравиот живот, непушењето, избегнувањето на алкохолот и редовното спортување. СЗО исто така ќе го промовира редовното вакцинирање како метод за спречување на развојот на одредени типови на рак, како ХПВ и хепатитис. Според официјални проценки, близу 40 проценти од случаите на рак низ светот можеле да се спречат, доколку луѓето го менувале стилот на живеење.
XS
SM
MD
LG