Достапни линкови

Франција бара санкции за Иран поради нуклеарната програма


Франција од Обединетите Нации ќе бара силни санкции за Иран поради тоа што официјален Техеран не соработува со западот во врска со иранската нуклеарна програма. Францускиот премиер Франсоа Фијон рече дека иранската влада ја нема прифатено понудата за дијалог со светските сили и продолжила со интензивна работа на нуклеарната програма. Фијон додаде дека не е предоцна да се искористи политички процес со кој ќе се спречи Иран да создаде воен нуклеарен капацитет.
XS
SM
MD
LG