Достапни линкови

Стуб: Европската Унија „посериозно “ да го погледне Балканот


Финскиот министер за надворешни работи Александар Стуб предупреди дека проблемите во спорот за името меѓу Грција и Македонија и нараснувањето на етничките тензии во Босна можат да ги уништат надежите на земјите од регионот за членство во Европската унија, пренесува државната новинска агенција МИА, повикувајќи се на американски медиуми.Стуб ја повика Европската унија „посериозно“ да го погледне Балканот, бидејќи изгледа дека поранешните непријатели се неспособни да ги разрешат своите спорови. Тој рече дека решавањето на проблемите меѓу балканските земји, вклучително меѓу Косово и Србија, „не секогаш се одвиваат во вистинска насока“.

XS
SM
MD
LG