Достапни линкови

Донации од ОБСЕ за кумановската полиција


Македонски полицајци

Македонски полицајци

Мисијата на ОБСЕ во Македонија донираше адаптирана и опремена просторија за кумановскиот Сектор за внатрешни работи. Со цел унапредување и развој на полицијата, со поддршка на ОБСЕ извршена е и едукација на дел од полициските службеници.

Адаптирана и опремена просторија, како и обучени полициски службеници, е помошта која кумановскиот СВР ги доби од мисијата на ОБСЕ во РМ. Освен материјалната помош од ОБСЕ помош за едукација добиле дел од полициските службеници од сите одделенија во кумановската полиција, се со цел за унапредување и развојот на полицијата. Началникот на СВР Куманово Љубомир Ѓурчески вели:
Оваа просторија ќе биде доопремена со компјутери и со друга техничка опрема за спроведување на обуки. Со помошта од ОБСЕ, МВР ќе заштеди средства, оти до сега бевме принудени за обуките да одиме во Скопје или во други места


,,Оваа просторија ќе биде доопремена со компјутери и со друга техничка опрема за спроведување на обуки. Со помошта од ОБСЕ, МВР ќе заштеди средства, оти до сега бевме принудени за обуките да одиме во Скопје или во други места. Сега ќе ги планираме и самите ќе ги изведуваме тука,без оглед дали се работи за криминалистичка полиција, за полицијата, сообраќајната полиција или за делови од останатите служби на СВР."

Според раководителот на Одделението за развој на полицијата од ОБСЕ Пауло Коста унапредувањето на полицијата и нејзината соработка со граѓаните и припадниците на заедниците ќе продолжи и годинава. Заложбата на ОБСЕ е за унапредување на обуките, а оние што завршиле обуки станале виши инспектори.

,,Соработката со МВР и со СВР Куманово е на високо ниво. Ќе продолжиме и во 2010-та година и ќе помагаме колку можеме во спроведување на овие програми за соработката на полицијата со граѓаните, како и на другите програми, што се надеваме дека ќе се одвиваат успешно."

Велат од ОБСЕ.
Кумановската полиција и изминатите години добиваше помош од оваа и од останатите странски мисии во земјава. Меѓутоа, просториите во кои се издаваат личните документи и патните исправи за околу сто илјади граѓани сеуште се на многу ниско ниво и несоодветни за брзо и ефикасно добивање на бараното. Кумановци сеуште по најмалку два часа чекаат во тесниот и задушлив ходник, без оглед дали е во студените зимски или во топлите летни денови. Затоа не ретко се случува на повозрасните граѓани да им се слоши, или пак децата да ги фаќа нетрпение и нервоза.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG