Достапни линкови

Грузија без свои набљудувачи на украинските претседателски избори


Грузија нема да прати свои набљудувачи на престедателските избори во Украина..Во текот на првиот изборен круг , партијата на Јанукович ги обвини 100тици грузиски набљудувачи дека се дојдени да ги нарушат изборите. Грузија ги негираше овие обвинувања. Грузискиот претседателски потпарол , Манана Маџалаџе изјави дека токму поради тие недоразбирања нема да пратат свои набљудувачи и дополни дека Грузија не подржува ниту еден од кандидатите. Во недела Украинците ќе избираат Претседател на државата . Кандидати во вториот изборен круг се Виктор Јанукович и премиерот Јулија Тимошенко.
XS
SM
MD
LG