Достапни линкови

Партиски препукувања за проневери


Најголемите политички партии во Македонија речиси секојдневно на прес конференции вадат докази пред јавноста за проневери на политичкиот противник. Според експертите, потребно е дебатата од партиските сали да се пресели во институциите на системот.

Мавтаат со папки, покажуваат документи, „вадат“афери, овинуваат луѓе. И тоа од советници во општини, преку градоначалници, до пратеници и министри. Најголемите политички партии и од власта и од опозицијата барем во последно време понудија нов начин на комуникација. На вообичаените прес конференции тие на јавноста и кажуваат кој колку проневерил, во што се бил вмешан, кој крадел.
Бидејќи, јавното обвинителство нема потенцијал, нужно се обраќа до МВР, па таму се сака или не се сака тие да се проверат, да се дадат повратно до обвинителот. Во изминатиов период забележавме наплив на ревизорски извештаи со страшни, фапантни констатации, меѓутоа од другата страна немаме реакција на институциите

Портпаролот на владејачката ВМРО-ДМПНЕ, Александар Биџиклиски, вели дека за сите афери, процеси поврзани со криминал и корупција што ВМРО ги отвара тие имаат документи и ги повикуваат наделжените институции да се произнесат за тоа.

„Во одредени случаи, самите институции на системот самите постапуваат по службена должност, а по одредени случаи ВМРО ДПМНЕ преку својата правна комисија или свој овластен претставник ги поднесува како докази доколку истите бидат побарани.“

Од опозициската СДСМ пак велат дека. владеачката партија прави апсурдни работи, кога партијата ги повикува надлежните институции кои се под нивна контрола да реагираат.

„Тогаш се поставува прашањето каква е улогата на институциите, дали тие ја вршат совесно својата работа при откривањето на ваквите наводни афери или можат да бидат обвинети за содружништво дека не одговараат на таквите повици од самата владеачка партија.“

вели Горган Горгиев од СДСМ

Адвокатот Драган Малиновски које и поранешен антикорупционер, вели дека таквите дебати треба да се преселат во институциите задолжени за тоа, како МВР и јавното обвинителство, но тука настануваат проблемите, вели тој.

„Бидејќи, јавното обвинителство нема потенцијал, нужно се обраќа до МВР, па таму се сака или не се сака тие да се проверат, да се дадат повратно до обвинителот. Во изминатиов период забележавме наплив на ревизорски извештаи со страшни, фапантни констатации, меѓутоа од другата страна немаме реакција на институциите.“

Сашо Органовски од Транспарентност Македонија вели дека со политичката борба против корупцијата наместо да се решава нешто, корупцијата се повеќе се продлабочува.

„Во секоја политичка борба пред се е важна борбата за гласовите, иако се разбира дека и борбата за идеите не треба да е помалку важна. Но, кај нас политиката е претворена во процес на доаѓање и паѓање и власт. Проблемот е што после четири години од оваа влада, гледаме дека во борбата против корупцијата има длабоки системски проблеми,“

вели Сашо Ордановски
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG