Достапни линкови

logo-print

Кина против средбата Обама, Далај Лама


Кина денеска ги предупреди Соединетите држави дека секоја средба меѓу претседателот Барак Обама и Далај Лама уште повеќе ќе ги поткопа односите меѓу двете земји. Вчера Белата куќа потврди дека Обама ќе се сретне со прогонетиот тибетски духовен лидер и покрај предупредувањата од Кина. Средбата се очекува да се одржи во овој месец кога Далај Лама ќе престојува во Вашингтон. Кина, која во 1950 година испрати трупи во Тибет, смета дека Далај Лама е сепаратист кој бара самоуправување за Тибет. Односите меѓу Кина и Соединетите држави се заладени по американската продажба на оружје на Тајван, трговските спорови и расправата за кинеската цензура на интернет.
XS
SM
MD
LG