Достапни линкови

logo-print

На средбата Клинтон, Друцас и за спорот со името


Грчко македонскиот спор околу името била една од темите за кои е разговарано на вчерашните средби во Вашингтон на грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас со американскиот државен секретар Хилари Клинтон и со заменик државниот секретар Џејмс Стајнберг. Притоа, како што по средбите изјавил Друцас, биле повторени познатите грчки ставови. Инаку Друцас во интервју за за грчко американскиот весник „Етникос Кирикс“ оцени дека прашањето за името не е трн во односите меѓу Грција и Соединетите држави. Според него, одлуката на претходната американска администрација да го признае уставното име на Македонија дополнително го усложнила решавањето на прашањето. Ние тоа им го укажавме на американците, вели Друцас, кој по средбите во Вашингтон замина за Њујорк каде што утре ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Една од главните теми, како што информираат медиумите во Грција, ќе биде прашањето за името.
XS
SM
MD
LG