Достапни линкови

logo-print

Босна закана за стабилноста во Европа


Етничката нетрпеливост во Босна е најголемиот предизвик за поддршката на стабилноста во Европа, предупреди директорот на Националното разузнавање на Соединетите држави Денис Блер. Во писмениот извештај до Конгресот, Блер вели дека непријателството меѓу Хрватите, Србите и муслиманите во Босна и Херцеговина се зголемува, а зајакнувањето на нивните ставови може да претставува закана за стабилноста на државата. Според Блер, и Косово привлекува големо внимание на Вашингтон и Брисел поради конфликтот меѓу српското малцинство и етничкото албанско мнозинство за иднината на северните области.
XS
SM
MD
LG