Достапни линкови

logo-print

Избор на нов претседател на Грција


Грчкиот парламент денеска ќе го избира новиот претседател на државата, а единствен кандидат е актуелниот претседател Каролос Папуљас. Согласно со уставот, претседателот на Грција се бира од парламентот во три круга. Доколку во рамките на таа процедура не биде избран шеф на државата, парламентот се распушта и се свикуваат нови избори. Претседателот може да биде избран во првиот круг, доколку добие поддршка од 200 од вкупно 300 пратеници во парламентот.
XS
SM
MD
LG