Достапни линкови

Иран ќе дозволи збогатување на ураниумот во странство


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека неговата земја е готова да го испрати својот ураниум на натамошно збогатување во странство, како што бараа Обединетите Нации. Во интервјуто за иранската државна телевизија, Ахмадинеџад истакнал дека нема да му биде проблем да го даде ураниумот во западните земји и да го преземе по неколку месеци, збогатен за 20 насто. Оваа одлука на Техеран, како што оценува Асошиетед прес, претставува голем пресврт во иранскиот став во врска со ова прашање.
XS
SM
MD
LG