Достапни линкови

Група граѓани - Лустрацијата да важи за сите.


Лустрацијата да важи за сите граѓани, да се спроведе доследно, да го опфати и транзицискиот период, а не само до 1991 година, и таа да се спроведе без никакви ограничувања, побараа денеска претставници на група граѓани, претставници на семејствата на прогонувани од тајните служби на денешната средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Тие од Вељаноски поддршката ја бараат по минатонеделната одлука на Уставниот суд времено да стопираат четири одредби од Законот за лустрација, меѓу кои и онаа која се однесува на временскиот опфат на лустрацијата.
Вељаносвки вети дека ќе разговара со сите пратенички групи кои учествува во донесувањето на Законот и оти откако ќе биде добиена одлуката на Судот и образложенијата по кои основ е таа донесена, ќе биде решено какви чекори ќе бидат превземени.
XS
SM
MD
LG