Достапни линкови

Кина ќе му го прости речиси цел долг на Ирак


Ирачкиот министер за финасии вели дека Кина се согласила да се откаже од 80 проценти од 8,5те милијарди долари што и ги должи Ирак на Кина. Во соопштението на министертвото стои дека ваков договор бил потпишан во Пекинг без точно определување на датум од кога ќе важи тој договор. Денеска се сретнале кинескиот амбасадор и владини претставници во Багдад каде го потврдиле договорот. Двете земји минатата година склучиле трговски договори во вредност од речиси 4 билиони долари.
XS
SM
MD
LG