Достапни линкови

Министерот за надворешни работи на Република Финска, Александер Стуб изјави дека не е дојден за да ја понуди помошта на Финска како медијатор во спорот за името. Сепак, најави поголемо учество на меѓународната заедница во решавањето на спорот за името и рече дека не очекува ништо да се случува до претседателските избори во Грција во март и изрази надеж дека тоа може да се случи во април.

Очекуваше дека ќе му биде поставено такво прашање, но Министерот за надворешни работи на Република Финска Александер Стуб изјави дека не е дојден за да ја понуди помошта на Финска како медијатор во спорот за името. Сепак, најави поголемо учество на меѓународната заедница во решавањето на спорот за името а зборуваше и за конкретни рокови кога може да се очекува решение:
Исто така имам чувство дека малку може да се случи пред претседателските избори во Грција во март. Се надевам дека работите ќе се придвижат после тоа и дека ќе најдеме решение во април


„Многу прашања веќе се решени во ЕУ, а претходно да поминале низ криза. Зашто ЕУ во многу наликува на менаџер на кризи. Како мислам дека ќе се направи тоа? Веројатно на највисоко ниво, така што мислам дека некоја од големите земји како Франција, Германија и Велика Британија, вклучувајќи го и новиот претседател на ЕУ, ќе разговараат директно со премиерот Папандреу. Исто така имам чувство дека малку може да се случи пред претседателските избори во Грција во март. Се надевам дека работите ќе се придвижат после тоа и дека ќе најдеме решение во април,“

Изјави Стуб.

Македонскиот шеф на дипломатијата го повтори ставот на македонската страна за решението кое би било прифатливо за Македонија:

„Македонија ќе биде подготвена за компромис кој ќе го сочува нашето национално достоинство, јазикот и нашето суверено право македонските граѓани да одлучуваат за сите суверени симболи, вклучувајќи го и името Република Македонија“
Веќе сме отворени за дијалог со Грција и мислам дека ако постои волја од двете страни можеме да се најдеме на средината

изјави Милошоски.

„Веќе сме отворени за дијалог со Грција и мислам дека ако постои волја од двете страни можеме да се најдеме на средината“ додаде Милошоски, кој најави дека следната рунда преговори со медијаторот Нимиц ќе започне кон крајот на февруари. Сепак, додаде и дека освен убава реторика, во моментов ништо ново не може да се чуе од грчката страна.

Покрај евроинтеграциите на денешната средба биле разгледувани и некои билатерални прашања и мултилатералната соработка меѓу двете земји. Стуб е на мини Балканска турнеја во рамките на која вчера го посети Сараево. Клучни цели на ЕУ се проширувањето кон земјите од Западен Балкан и прием во полноправно членство на Турција и на Исланд, изјави синоќа во Сараево финскиот шеф на дипломатијата. Евроинтеграцијата на регионот, процесот на менаџирање со кризи и актурлните прашања поврзани со тоа , особено развојот на ситуацијата на Косово ќе бидат главните теми на неговата турнеја, беше соопштено до кабинетот на Стуб.
Покрај разговорите со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, министерот Стуб беше примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
XS
SM
MD
LG