Достапни линкови

Воени вежби на КФОР денеска и утре на северот на Косово.


Силите на мултинационалната борбена група Север ќе изведат денеска и утре воена вежба во северниот дел на Косово, со цел да ја потврдат оперативната способност во новата формација, соопшти Главниот штаб на КФОР.
Вежбата ќе го покрие целиот регион северно и јужно од реката Ибар, како и граничните подрачја.
Главниот штаб на КФОР додава дека оваа вежба не е одговор, ниту подготовка за каква било моментална или очекувана ситуација на Косово.
Вежбата на КФОР во северно Косово се изведува два дена откако КФОР ја реконфигурираше структурата од мултинационална бригада во мултинационална борбена група, со вкупно десет илјади војници на целата косовска територија.
XS
SM
MD
LG