Достапни линкови

Египетски подземен метален зид на границата со Газа?


Египет речиси ја завршил изградбата на подземниот метален зид на границата со Газа со цел да се запрат криумчарските подземни канали, пишува водечкиот весник Ал Масри ал Јоум. Официјално изградбата на зидот никогаш не беше експлицитно потврдена. Засилените сили на границата Претседателот Хосни Мубарак ги правдаше како прашање од национален суверенитет. Египет и Израел беа критикувани поради блокада откако Хамас ја превзеде контролата врз Газа во 2007. Криумчарите пак велат дека метален зид нема да ги спречи, бидејки ќе копале подлабоко.
XS
SM
MD
LG