Достапни линкови

Спорот со името една од темите на посетата на Друцас на САД


Грчко-македонскиот спор околу името ќе биде една од темите за кои грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас ќе разговара на средбите, кои ќе ги оствари за време на посетата на Соединетите Држави.
Друцас ќе разговара и за грчко-турските односи, кипарското прашање, соработката меѓу Атина и Вашингтон, како и можноста за укинување на американските визи за грчките граѓани.
Тој денеска најпрво ќе се сретне со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, а потоа и со првиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг, како и со повеќе Сенатори и Конгресмени.
Грчкиот заменик-министер за надворешни работи утре ќе има средби во седиштето на Обединетите нации, а на 4 февруари ќе разговара со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
XS
SM
MD
LG