Достапни линкови

Хил:Изборите во Ирак мора да бидат фер


Американскиот амбасадор во Ирак, Кристофер Хил, изјавил дека изборите закажани за следниот месец мора да бидат фер и резултатите да бидат прифатени и од гласачите и од кандидатите. Хил, за Асошиетед прес изјавил дека изборите на 7 март ќе ја одредат иднината на Ирак, откако САД ги повлече своите воени сили од земјата. Американскиот амабасадор во Ирак, изјавил дека е убеден дека шиитските политичките лидери ќе ги надминат несогласувањата, околу симнувањето на 450 кандидати од изборната листа . Тие се обвинети дека биле соработници на Садам Хусеин. Иако насилствата во земјата се намалија во последните 2 години, но вчера во самоубиствен бомбашки напад во Багдад загинаа најмалку 54 шиити, а 106 се повредени.
XS
SM
MD
LG