Достапни линкови

Шведска и Полска:САД и Русија да го намалат нуклеарното оружје во Европа


Шведска и Полска ги повикале САД и Русија да го намалат техничкото нуклераното оружје во Европа, велејќи дека тоа претставуваат закана за континент. Пишувајќи во "Њујорк тајмс", шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд и неговиот полски колега Радослав Сикорски, како пример ги посочиле руските боеви глави сместени во Калининград на Балтичко Море и на полуостровот Кола во северозападна Русија. Според нив , САД чуваат околу 200 боеви глави во Западна Европа, а Русија околу 2.000 претежно во западна Русија. Русија и Соединетите Држави преговараат за нов договор за намалување на нуклеарнот наоружување. Тактичко нуклеарно оружје е со помала деструктивност но не подлежи на ниту еден договор за контрола на оружјето
XS
SM
MD
LG