Достапни линкови

САД загрижени за руското спречување на протести


САД изразиле загриженост откако минатиот викенд во Русија накратко беа затворени околу 100 анти-владини активисти, за време на протест во главниот град Москва. Стејт департментот ги оценил последните случувања како уште еден удар против слободата на говорот и правото на протест. Претходно, ЕУ ја повика Русија да не ги спречува протестите. Меѓу оние кои биле уапсени за време на викендот се наоѓал и Олег Орелски, минатогодишниот добитник на наградата за човекови права „Сахаров„ што ја доделува Европскиот парламент. Демонстрантите протестирале против кампањата на Кремаљ со која се забранува правото на мирен протест.
XS
SM
MD
LG