Достапни линкови

Американскиот буџет тежок 3,83 билиони долари


Претседателот на Соединетите Американски држави, Барак Обама денеска пред Конгесот го претстави буџетот за фискалната 2011та тежок 3,83 билиони долари. Со буџетскиот план се предвидува намалување на невработеноста но во процесот се очекува и пораст на државниот дефицит. Републиканците го критикуваат планот на Обама тврдејќи дека со трошење владата нема да може да излезе од кризата. Демократите на ова возвратија со тврдење дека причините за ваквата економска состојба се лошото работење на поранешниот Претседател Џорџ Буш. Обама изјави дека не може да обезбеди економски пораст без да се воведе ред во финансиите.
XS
SM
MD
LG