Достапни линкови

РЕК-Битола далеку од потребните еколошки стандарди


Фабрички оџаци, загадувачи на животната средина

Фабрички оџаци, загадувачи на животната средина

До 2014 година согласно ЕУ директивитие фабричките капацитети во Македонија ќе мора да воведат еколошки стандарди за заштита на животната средина. РЕК-Битола е сеуште далеку од воведување на високи еколошки стандари, па ќе се бара можност за транзиционен период од ЕК, во спротивно Комбинатот ќе мора да биде затворен.

Македонскиот електроенергетски гигант РЕК „Битола“ се уште е далеку од воведување на високи еколошки стандарди за заштита на животната средина при производниот процес. Од Министерството за животна средина велат дека уште во 2007 година РЕК аплицирал за ,,А" интегрирана еколошка дозвола, но досега не успеал да го достигне високите техники за контрола на загадувањето. Ваквите обврски ги наметнуваат ЕУ-директивите и фабричките капацитети ќе мораат да ги применат најдоцна до 2014 годиниа. За оние кои нема да го сторат тоа ќе следуваат големи казни, а можно е да се сооат и со затворање на капацитетите.
РЕК е многу важен капацитет за нашата држава бидејќи снабдува 70 проценти од електричната енергија. Па, ќе мора да се подготвиме и за барање на транзиционен период до Европската комисија. Во, спротивно можеме да се соочиме со затворање на комбинатот

,,РЕК “Битола“ ќе треба да добие дозвола за усогласување со оперативен план, во кој до 2014 година ќе бидат опишани и спроведени мерки за достигнување на ниво на што повисока заштита на животната средина. Но, доколку се утврди дека РЕК не може објективно да ги исполни барањата, Владата има право да даде транзиционен период до 2018 година, изјави директорот на Управата за животна средина."

Филип Иванов. Според академиците кои учествуваа во изработката на државната стратегија за енергетски развој, задоволувањето на еко стандардите ќе бара и ревитализација на блоковите, односно интервенција во котлите каде настанува согорувањето на јагленот и додавање на опрема што ќе ги зафајќа штетните гасови. Ваквите интервенции ќе чинат околу 120 милиони евра, а самата апликација за интегрирана еколошка дозвола околу 3 милиони евра.

,,РЕК е многу важен капацитет за нашата држава бидејќи снабдува 70 проценти од електричната енергија. Па, ќе мора да се подготвиме и за барање на транзиционен период до Европската комисија. Во, спротивно можеме да се соочиме со затворање на комбинатот. Тоа како држава би не ставило во зависна положба од надворешни снабдувачи на електрична енергија."

додава Иванов.
При производниот процес РЕК испушта јаглеродни и сулфурни оксиди. Иако жителите од околните населби во повеќе наврати се жалеле на чад и мирис на јаглен, од комбинатот секогаш тврдат дека загадувањето е во границите на нормалата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG