Достапни линкови

Чаласан, најмладиот Мајкрософт систем инженер


Марко Чаласан
Марко Чаласан

Марко Чаласан со само девет години е најмладиот Мајкрософт систем инженер, откако неодамна во Словенија го положи и последниот испит. Но, се наметнува прашањето дали државата знае да ги цени ваквите таленти? Родителите на Марко велат дека тој е повеќе ценет надвор од нашите граници.

Има само девет години, а во биографијата на Марко Чаласан веќе стои дека поседува сертификат - Мајкрософт систем инженер. Момчето кое живее во 30 квадрати метри во населбата Аеродром со своите родители Радица и Милош е најмладиот во светот кои е со титула Мајкрософт систем инженер. Последниот испит Марко го положи во Словенија. Веста за овој успех како што го преставуваат во голем број медуми малиот „Моцарт на компјутер“ доби голем публицитет ширум светот, Марко Чаласан кој во моментот работи на
Добивањето на сертификат за систем инженер е голем чекор напред, но самото полагање на испитот беше малку лесно бидејќи тоа го имав изучено последниве месеци и години, и тоа ми беше само како повторување
проект за продукција на висококвалитетни HD лекции во Full HD формат, како и дизајнирање на систем за емитување на истите по пат на мрежна дистрибуција вели:

,,Добивањето на сертификат за систем инженер е голем чекор напред, но самото полагање на испитот беше малку лесно бидејќи тоа го имав изучено последниве месеци и години, и тоа ми беше само како повторување."

Македонскиот компјутерски гениј со поддршка на својот татко кој уште од мали нозе му создал навика подлабоко да навлезе во светот на модерната технологија, сега своите знаења и искуства им ги пренесува на врсници како него.

,,Во едно училиште ги обучам малите деца и во него се учи за сите задачи, почнувајќи од најосновните, па се до најтешките задачи како што се решавање на тешки проблеми со мрежи."

Објаснува Марко. Случајот со малиот скопјанец отвора дилема, колку и дали како држава знаеме да ги цениме ваквите капацитети?! Дали недоволното инвестирање во ваквите кадри ги тера големите умови да ја напуштаат државата.

,,Марко е доста поценет и поподржуван надвор од нашите граници, отколку во нашата земја. Се уште не ми е јасно зошто странските компании и институции се позаинтересирани околу Марко и неговиот развој отколку кај нас."

Се прашува мајката на Марко, Радица Чаласан.
Марко е доста поценет и поподржуван надвор од нашите граници, отколку во нашата земја


,,Јас сакам да ги направам сите испити во Македонија, но доколку тоа не е можно мислам дека ќе морам да излезем надвор од рамките на Македонија."

објаснува Марко.

,,Марко секаде настапува како Македонија и така е прифатен, сите сајтови пишуваат за него, како за претставник од Македонија. Тој вложува огромен труд да ја промовира земјата, покрај својата лична промоција."

Вели, таткото на Марко, Милош Чаласан.
XS
SM
MD
LG