Достапни линкови

logo-print

Телесни повреди, најчеста полициска злоупотреба


Полицајци

Полицајци

Телесни повреди, психичка тортура, нечовечко однесување, се најчестите злоупотреби од страна на полицијата во регионот на југозападна Македонија, утврдил Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп. Во оваа организација досега 46 лица имаат побарано помош, но главен проблем е што граѓаните се плашат да поднесат тужба против полицијата.

Нечовечно однесување и казнување со нанесување телесни повреди на жртвите, психичка тортура, полициско непостапување и непрофесионалност се најчести злоупотреби на функцијата на полицајците во регионот на југозападна Македонија, вклучувајќи го и регионот на Неготино и Кавадарци, соопштија од Центарот за граѓански инцијативи во Прилеп, една од 5-те асоцијации која веќе 5-та година го реализираат проектот за поддршка на човековите права. Според информациите, до сега во Центарот помош побарале 46 граѓани а 9 од нив реагирале само во текот на минатата година.
Најчести форми на полициска злоупотреба се нанесување на телесни повреди и тоа 55 отсто, пет граѓани од тие девет, се жалеле на физичка тортура, додека двајца се жалеле на непрофесионално однесување


,,Најчести форми на полициска злоупотреба се нанесување на телесни повреди и тоа 55 отсто. Пет граѓани од тие девет се жалеле на физичка тортура, додека двајца се жалеле на непрофесионално однесување и еден за непостапување според законските овластувања на полицијата. Иако постојат и други механизми, сепак полицијата се уште ја применува силата." вели Илија Адамчески од Центарот за граѓански иницијативи.

Граѓаните кои се жртви на полициска тортура, како што истакнуваат од Центарот, стравуваат да се идентификуваат и немаат храброст да ги тужат јавно полицајците. Полицијата, од друга страна, како по некое непишано правило за секој случај поднесува кривична пријава за напад на службено лице во вршење на службена должност.

,,Им помагаме на жртвите за собирање на целокупната доказна документација која што во иднина би користела за судската постапка. Им помагаме во комплетирање на целокупната лекарска, медицинска документација и вршиме кореспонденција со државните институции."
Им помагаме на жртвите за собирање на целокупната доказна документација која што во иднина би користела за судската постапка


Иако само еден случај завршил во корист на жртвата, а сите останати за кои се повеле судски постапки имаат негативен епилог, сепак од Центарот посочуваат на соработката со надлежните институции во државата.

,,Мораме да ја спомнеме соработката која што ја имаме со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, што се манифестира преку одржување на координативни состаноци на кои се разговара за правата на жртвите и исто така соработката со Народниот правобранител" вели Адамчески.

Инаку, овој проект е финансиран од Институтот Отворено Општество и Фондот за заштита на жртви од тортура при ОН.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG