Достапни линкови

Ракетен напад во Ингушетија


Еден полицаец загина, а деветмина се повредени во напад на регионалното Министерство за внатрешни работи во Ингушетија. Во ракетниот напад врз зградата на министерството во градот Назран се повредени и тројца други луѓе.
Подоцна, полицијата нашла ракетен фрлач потпрен на оградата на една градинка во градот. Кога полицијата и експертите за експлозиви пристигнале на местото оружјето експлодирало, но никој не бил повреден.
Кога почнале да ги анализираат остатоците од експлозијата, експлодирала уште една направа при што биле повредени шестмина полицијци.
XS
SM
MD
LG