Достапни линкови

Француски сателит не сака да емитува грузиска телевизија?


Новоотворениот грузиски ТВ-канал што емитува програма на руски јазик соопшти дека е исфрлен од францускиот сателитски оператор поради наводни притисоци од Русија. Регионалниот канал „Прв Кавказ“ го обвинува операторот Еутелсат дека е „инструмент на руската цензура“.
Во писмената изјава, во која имале увид новинари на агенцијата Франс Прес, каналот обвинува дека Еутелсат престанал да ја емитува нивната програма, откако потпишал многу профитабилен договор со руската сателитска компанија Интерспутник. Еутелсат не се достапни за одговор на овие обвинувања.
XS
SM
MD
LG