Достапни линкови

logo-print

Тајван - причина за напнатост меѓу Кина и САД


Продолжува напнатоста меѓу Кина и САД, поради продажбата на американско оружје на Тајван. Во петокот, Пентагон соопшти дека на Тајван ќе му продадат ракети Патриот, хелихоптери Блек Хок, бродови за деминирање и друго оружје во вредност од 6,4 милијарди долари. Во Стејт департментот велат дека тоа ќе допринесе за обезбедување на сигурноста во Тајванскиот теснец.
Кина, пак, соопшти дека ќе ги прекине воените и безбедносни контакти со Вашингтон и оти ќе воведе санкции за американските фирми што учествуваат во зделката. Пентагон изрази жалење за таа одлука.
XS
SM
MD
LG