Достапни линкови

Уапсени 26 луѓе осомничени за тероризам во Египет


Египет уапси 26 луѓе, осомничени дека се припадници на ќелија на милитантната организација Исламски џихад и дека планирале терористички акти врз туристи и државни институции во земјата. Државната египетска новинска агенција МЕНА објави дека кај осомничените е пронајдено оружје, муниција и експлозив.
Поранешниот лидер на Исламски Џихад, Алман Ал Завакири сега му е заменик на Осама Бин Ладен во терористичката организација Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG