Достапни линкови

Груевски- Македонија нема да има проблем со висок дефицит


Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека Македонија нема да има проблем со високиот дефицит, затоа што лани во најкризната година во светот во последниве 80 години земјата била на второто место со најнизок буџетски дефицит во Европа. Груевски смета и дека одлуката за предвремено раздолжување била добар чекор и со тоа се избегнале големите проблеми, што во кризата ги имаа државите со големи долгови. Директорот на меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан вчера изјави дека економијата полека заздравува, но дека во наредниот период предизвик на земјите ќе им биде високиот дефицит.
XS
SM
MD
LG