Достапни линкови

Заврши светскиот економски форум во Давос


Светскиот економски форум во Давос заврши денеска. На петдневните средби бизнисмените и лидерите на властите се сложија дека економијата полека се опоравува, но не се договорија како ќе ја намалат невработеноста и како ќе ја спречат појавата на нова економска криза. На форумот сепак се направија неколку планови. Бразилскиот претседател Лула, поради лошата здравствена сосотојба не отпатува на форумот, а германскиот министер за надворешни работи, како и пакистанскиот премиер и авганистанскиот претседател исто така го откажаа учеството. Русија не испрати ниту еден претставник на земјата.
XS
SM
MD
LG