Достапни линкови

Нафтениот гигант Лукоил потпиша договор со ирачките власти


Рускиот нафтен гигант Лукоил потпиша договор со ирачките власти за искористување на нивното нафтеното поле Вест Курна. Лукоил заедно со норвешката компанија Статоил Хидро во декември мината година потпиша договор за искористување на полето, кое ќе треба да го зголеми прозиводството на нафта во Ирак на 12 милиони барели на ден во наредните 7 години. Ирак е на третото место во светот по нафтени резерви, веднаш зад Саудиска Арабија и Иран.
XS
SM
MD
LG