Достапни линкови

Ердоган со критики до Саркози


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган упати критика до францускиот претседател Никола Саркози, поради тоа што тој е против влезот на Турција во Европската Унија. Ердоган на телевизијата Еуроњуз изјави дека неговата земја сака да стане членка на унијата веќе половина век и дека Саркози понекогаш зборува нешто што разумот тешко го разбира. Тој додаде дека Турција нема да се откаже од евороинтеграциите.
XS
SM
MD
LG