Достапни линкови

logo-print

Северна и Јужна Кореја ќе ја зголемат економската соработка


Северна и Јужна Кореа утре ќе ги завршат преговорите за зголемување на економската соработка и покрај спорот меѓу двете земји за границата на западното море во последниве недели. Тие би требало на средбата да се договорат за финансирање на заедничките недвижности во Сеул и контактите кои беа стопирани на 21 јануари. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изјави дека ќе испрати делегација во Северна Кореа, поради прекинот на преговорите меѓу организацијата и Пјонгјанг за хуманитарната помош.


XS
SM
MD
LG