Достапни линкови

Протести против американските војници во Јапонија


Илјадници Јапонци денеска протестираат во Токио, против присуството на американската војска во Окинава. Во Јапонија има околу 47 илјади американски војници, а над половина од нив се стационирани на јужниот остров Окинава. Неговите жители неколку години се жалат за бучавата и криминалот околу воените бази. Јапонија и Соединетите Држави потпишаа договор во 2006 година со кој треба американските трупи во земјата и воените бази да бидат преместени на поненаселени места. Но новите власти во Токио го одложуваат спроведувањето на договорот.
XS
SM
MD
LG