Достапни линкови

Иранската опозиција ја осуди егзекуцијата на 2 десиденти


Иранските опозициски лидери ја осудија егзекуцијата на двајцата десиденти, кои беа обесени затоа што наводно планирале да го урнат исламскиот режим по спорните претседателски избори во јуни, минатата година. Мир Хосеин Моусави и Мехди Каруби изјавија дека целта на егзекуциите е да се заплашат луѓето да не земат учество на протестите на 11 февруари, кога се одбележува годишнината од исламската револуција во 1979 година. Каруби на својот сајт објави и дека десидентите биле уапсени пред изборите и дека немале врска со насилството по нивното одржување.
XS
SM
MD
LG