Достапни линкови

Кина ги прекина воените врски со САД


Кинеските државни медиуми објавија дека Министерството за одбрана ја прекинало воената размена со Соединетите Држави поради планот на Вашингтон да му продаде оржје на Тајван во вредност од скоро шест ипол милијарди долари. Се прецизира дека биле суспендирани сите посети на воените персонали кои имаа за цел продлабочување на воената соработка меѓу двете земји. Кинеската реакција доаѓа ден откако администрацијата на Обама соопшти во Конгресот дека планира прва продажба на оружје на Тајван. Станува збор за 60 хеликоптери од типот Блек Хок и за повеќе од 100 ракети од типот Патриот. Кина го смета Тајван за своја покраина.
XS
SM
MD
LG