Достапни линкови

Во Иран продолжува судењето на опозицијата


Иранските држави медиуми јавуваат дека денеска во Техеран почнало судењето на уште 16 приврзаници на опозицијата, обвинети за учество во постизборните протести кон крајот на декември. До ова доаѓа откако вчера Амнести интернешнал, заедно со Соединетите Држави, Европската Унија и Британија, ги осуди егзекуциите на две лица, кои беа осудени на смрт по спорните претседателски избори што се одржаа во минатиот јуни. Иранската влада уапси стотина луѓе од кои единаесет се осудени на смрт.
XS
SM
MD
LG