Достапни линкови

САД и Русија заедно до побезбедна Европа


Хилари Клинтон
Хилари Клинтон

Студената војна заврши пред скоро 20 години, но недовербата меѓу Москва и Вашингтон и натаму продолжува. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја повика Русија да им се приклучи на американските напори за зацврстување на безбедноста во Европа.

Хилари Клинтон, зборувајќи во Париз, ја повтори заложбата на Соединетите Американски Држави за одбрана на Европа, но не од Русија, туку заедно со Русија, доколку таа е подготвена за тоа. Клинтон оцени дека и натаму останува незавршена работата пред се околу контролата на оружјето и, како што ја нарече, нецелосната транзиција кон демократијата во некои делови на Евроазија. Клинтон изјави дека од крајот на Студената војна во Европа се појавија нови закани кои бараат нов пристап:

,,Новите опасности како што се глобалниот тероризам, вклучувајќи ги сајбер тероризмот и нуклеарниот тероризам; климатските промени, глобалните криминални мрежи на трговија во оружје, дрога и луѓе; заканите со снабдување на енергија на Европа, би можеле да ги дестабилизираат регионите и дури да предизвикаат глобални конфликти.,,

Нејзината порака до Европа е дека главно сидро на надворешната политика на Соединетите држави е да помага во одржувањето на безбедноста на Континентот. Единствената промена, според неа, е тоа што Вашингтон сега ја поканува Москва да се приклучи кон овие напори.

Во интерес на американско руската соработка, државниот секретар Клинтон ја повика Москва да ги остави настрана некои разлики со
Со години, Русија изразува чувство на несигурност за проширувањето на НАТО и ЕУ. Но, ние силно веруваме дека нивното проширување ги зголемува безбедноста, стабилноста и просперитетот на целиот континент и дека со тоа всушност, се зголемува безбедноста и благостојбата на Русија...
Западот, особено оние за ракетниот штит за Европа. Таа, исто така, побара Русија да го промени мислењето за тоа како гледа на проширувањето на НАТО и на Европската унија на исток.

,,Со години, Русија изразува чувство на несигурност за проширувањето на НАТО и ЕУ. Но, ние силно веруваме дека нивното проширување ги зголемува безбедноста, стабилноста и просперитетот на целиот континент и дека со тоа всушност, се зголемува безбедноста и благостојбата на Русија.,,

НАТО, изјави Клинтон, бара да ја прошири својата соработка со Русија, вклучувајќи и ја ракетна одбрана.
Русија се спротивстави на американската ракетна одбранбена програма, планирана од поранешниот претседател Џорџ Буш, а со која ракетни радари и батерии требаше да бидат разместени во Полска и во Чешка. Како чекор на попуштање претседателот Барак Обама овој план го замени со алтернативен, со кој ракетите и батериите би биле сместени на бродови.

,,Ние сме многу сериозни во врска со истражувањето на начините преку соработка со Русија да се развие ракетна одбрана кој ќе ја зголеми безбедноста на цела Европа, вклучувајќи ја и Русија.,,

Изјави Кинтон која пак, ја критикуваше Русија за нејзината експанзионистичка политика во Грузија, каде што им ја гарантира независноста на двете отцепени републики.

,,Ние постојано ја повикуваме Русија да ги почитува договорите за прекин на огнот со Грузија и ние одбивме да ги прифатиме барањата на Русија за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија. Ние сме против секакви сфери на влијание во Европа во кои една земја се обидува да ја контролира иднината на некоја друга.,,

Изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Военото училиште во Париз.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG