Достапни линкови

Талибанците негираат средба со ОН


Талибанците ги негираа извештаите дека нивни претставници се сретнале со шефот на Обединетите нации за Авганистан Каи Еиде за да разговараат за изгледите за мир во Авганистан. Во денешната изјава на Талибанскиот владејачки совет се наведува дека извештаите во некои медиуми за ваквата средба во Дубаи, во овој месец биле неосновани гласини. Еиде јавно не призна дека дошло до средбата, но американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека тој сакал да добие свој заклучок за тоа како размислуваат некои членови на Талибанците.
XS
SM
MD
LG