Достапни линкови

Клинтон ја повика Русија на соработка против новите закани


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која е посета на Париз, во обраќањето во военото училиште, ја повика Русија да соработува со Соединетите Држави и со НАТО против новите закани како тероризмот, компјутерските напади и климатските промени. Таа се заложи за натамошно проширување на НАТО, оценувајки дека со тоа ќе се зголеми безбедноста на Европа, но и на Русија. Хилари Клинтон изјави и дека Кина ќе се најде под притисок да прифати дека иранската нуклеарна програма е закана за безбедноста и ќе им се придружи на меѓународните повици за санкции.
XS
SM
MD
LG