Достапни линкови

Без политички реформи во БиХ нема приближување кон ЕУ


Брисел сака Босна и Херцеговина да тргне на патот на политичка стабилност која води кон членство во Европската Унија, а за тоа е потребен консензус на лидерите во таа држава за клучни прашања, изјави денеска портпаролот на шпанското претседателство со ЕУ Кристина Галах. „Бутмирскиот процес“ според Галах, бил добар обид, но не и целосно успешен и затоа мора да продолжи. Без успех нема приближување кон ЕУ, и ќе биде тешко да се исплонат желбите на граѓаните за визната либерализација и поголеми економски и политички соработки со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG