Достапни линкови

Тони Блер сведочеше за инвазијата врз Ирак


Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска сведочеше за одлуката за испраќање британски војници во Ирак во 2003-та година. Блер изјави дека терористичкиот напад врз Соединетите Држави на 11-ти септември имал влијание врз извештаите на владините разузнавачки служби во врска со ризиците од режимот на Садам Хусеин, вклучувајки ги и извештаите дека с еобидува да ги обнови воените сили. Истрагата има цел да утврди дали инвазијата и војната во Ирак биле легални, бидејки подоцна не беше пронајдено оружје за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG