Достапни линкови

Меѓународната заедница шокирана од егзекуциите во Иран


Амнести Интернешнел и владите на Соединетите Држави и на Велика Британија ги осудија егзекуциите во Иран на на двајца мажи кои беа осудени на смрт по јунските контроверзни претседателски избори. Обесените биле прогласени за непријатели на господ, членови на оружена група која се бори за враќање на монархијата во Иран. Амнести оцени дека судењето било нефер и изрази ѓокираност од егзекуцијата. Во американската реакција се вели дека убивањето на политички затвореници ја води иранската влада кон уште поголема изолација.
XS
SM
MD
LG